Дома Фудбал Изненадувачки ГОЛЕМ трансфер за фудбалерот на Вест Хем

Изненадувачки ГОЛЕМ трансфер за фудбалерот на Вест Хем

Напаѓачот на Вест Хем, Енди Керол би можел во следните денови да направи изненадувачки трансфер.

Како што пишуваат англиските медиуми, 28-годишниот фудбалер би можел да ги засили редовите на градскиот ривал, Челзи, каде би можел да го замени Алваро Мората.

Менаџерот на „Плавите“, Антонио Конте се обидува одамна да најде соодветна замена, но и конкуренција на Мората. Иако во тимот го има Белгиецот, Мичи Бачуаи, него одлучи да го продаде и се насочи кон доведување на Керол.

Би било тоа уште еден голем трансфер за овој напаѓач. Тој во 2011. година стана член на Ливерпул. Њукасл го продаде за 35 милиони фунти, но тука цената Керол никогаш не ја оправда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бредлов се сомнева во свирежите, Галатасарај му порача на Штутгарт: „Довидување“

По поразот од 2:0 во Истанбул, голманот на Штутгарт се запраша дали целата бучава доаѓала …