Легендите на Реал Мадрид, Лука Модриќ и Тони Крос се на мета на критики откако го изгуибија местото во тимот од помладите Едуард Камвинга, Орлиен Чуамени, Феде Валверде и Џуд Белингам.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во медиумите се почесто се пишува дека се предолго во Реал и се тврди дека клубот не требало да им понуди нов едногодишен договор кој го потпишаа пред три месеци.
Марио Кортења, „Инсајдерот“ на Реал, пишува дека Крос го иритира тоа што критиките се упатуваат во пакет кон двајцата (кон него и Модриќ).
„Неверојатно ми е што критиките се кон двајцата во пакет. Секоја чест на Модриќ како играч и како човек, но јас поинаков и пет години помлад“, изјавил Крос.