Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос направи изненадувачка одлука за следното лето.
Иако зад себе ќе има долга сезона во дресот на Реал и настап за Шпанија на ЕП, одлучи да игра на Олимписките игри во Токио.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Рамос сака да биде еден од тројцата фудбалери над 23 години кои ќе ја претставуваат Шпанија во Токио, бидејќи има едноставна желба – олимпиското злато.
Сепак, за настап на ОИ мора да добие дозвола од клубот. Со неговото одење во Токио ќе пропушти голем дел предсезонските подготовки, а во тимот би се вратил само две недели пред почетокот на првенството.
Рамос не е единствената светска ѕвезда која сака да се бори за златото во Токио. Килијан Мбапе има иста желба и смета дека олимпиското злато ќе му помогне за освојување на Златната топка.