Дома Фудбал Останато Познати деталите од договорот на Џеко со Интер

Познати деталите од договорот на Џеко со Интер

Един Џеко се надева на потпис за Интер пред да си оди на повеќенеделен одмор, пишува „Corriere dello Sport“.

Џеко на почетокот на оваа недела отпатува во Турција, каде што ќе помине неколку дена до репрезентативниот собир. Додека искусниот напаѓач ужива на медитеранскиот брег, италијанските медиуми „го завршија“ неговиот трансфер во Интер. Споменатиот медиум пишува дека Џеко се договорил со Интер и дека следната сезона ќе го носи дресот на Интер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишува римскиот весник, Џеко ќе потпише тригодишен договор вреден четири милиони евра по сезона. На таа сума ќе се додадат и евентуални бонуси кои се однесуваат на бројот на голови, настапи, итн. Рома би го реализирала трансферот пред 30. јуни за износот од продажбата да биде вклучен во буџетот за оваа година со што би ја намалила можноста за казна поради кршење на правилата на финансискиот фер плеј.

Интер прво ќе испрати понуда од 10 милиони евра со знаење дека Рома сака многу повеќе поради што во трансферот ќе се обидат да го вклучат и младиот Аргентинец, Факундо Колидио. Со оглед на обврските на Џеко со репрезентацијата тешко е да се верува дека неговиот трансфер во Интер ќе биде официјализиран во првата половина од јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…