Дома Фудбал Англија Изедначен рекорд во Англија: Пенал серија траеше скоро колку едно полувреме (ВИДЕО)

Изедначен рекорд во Англија: Пенал серија траеше скоро колку едно полувреме (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу англиските нисколигаши пенал серијата траеше повеќе од половина час.

Таунтон Таун и Труро Сити изведоа дури 34 пенали за да се реши победникот во регионалниот Челенџ куп.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После 90 минути игра беше 2:2, а после продолженијата 3:3. Тогаш следуваа пенали кои траеа 34 минути, изведени беа дури 34 пенали. Играчот на Таунтин, Џек Рајс го постигна голот за крај на маратонскиот рулет.

Со ова воедно е изедначен рекордот за најдолга пенал серија во Англија бидејќи во натпреварот на екипите на Челзи и Оксфорд до 23 години исто така беа изведени 34 пенали.

Кога во прашање е светскиот рекорд, тој е забележан во 2005 година кога КК Палас го совлада Сивик со 17:16 после 48 пенали во Намбискиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…