Дома Топ вести Изгубеното лето е корен на проблемите и кризата во Реал Мадрид!

Изгубеното лето е корен на проблемите и кризата во Реал Мадрид!

Реал Мадрид сезоната ја започна како апсолутен владател на европскиот фудбал. За прв пат во историјата еден клуб ја одбрани европската круна, притова освои и два Суперкупови.

На почетокот на сезоната Реал продолжи во ист ритам, така што го победи најголемиот ривал Барселона со вкупни 5:1 во Суперкупот, па се чинеше дека „кралевите“ ќе ја продолжат доминацијата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал денес е четврт тим во Примера со дури 14 бода заостаток зад лидерот Барселона, а годината ја заврши со дебал во „Ел Класико“ на својот стадион.

Корените на проблемот лежат во летниот преоден рок после кој Реал излезе видно ослабен за актуелната сезона. „Кралевите“ останаа без многу квалитетни играчи кои му даваа ширина на тимот и поголема можност за ротација на Зидан. Минатата сезона токму фудбалерите од клупата донесоа многу победи и така му овозможуваа на Зидан редовно да ги одмара клучните играчи, што резулутираше со трофејна сезона.

Навивачите најмногу жалат за Алваро Мората кој за Челзи постигна 11 гола во сите натпреварувања, но и Хамес Родригес кој лани беше одличен во клучни моменти за тимит. Пепе беше идеален за ротација во одбраната и даваше дополнителна сигурност. Си заминаа и Данило и Маријано Дијаз, првиот е одличен во Сити, а вториот блеска за Лион за кого досега постигна 14 гола.

Од пет засилувања четири не беа ни на клупа во Ел Класико

Ова лето во кралскиот клуб пристигнаа Дани Себаљос, Маркос Љоренте, Борха Мајорал, Хесус Ваљехо и Тео Ернандес, а Ашраф Акими беше прекомандуван од вториот тим.

Од овие пет засилувања, четворица не беа ни на клупата во „Ел Класико“. Меѓу резервите беше само Тео Хернандез кој воопшто не доби шанса. Сите летни засилувања се наоѓаат под 16-то место по бројот на одиграни минути за „кралскиот“ клуб во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…