Денес беа извлечени двојките за Купот на Македонија.
За место во финалето ќе играат Металург – Вардар и Бутел Скопје – Е.Пелистер. Бранителот на трофејот во ова натпреварување Металург, тимот од Автокоманда во финалето го победи токму Вардар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полуфиналните средби ќе се играат на 14. Мај во петок, а финалето е закажано за два дена подоцна.
Во женска конкуренција ќе се сретнат Вардар – Чаир и Куманово – Металург, овие средби се играат на 15. мај. Домаќин на купот и во машка и во женска конкуренција е Металург.