Дома Фудбал Репрезентации Извлечени групите за Копа Америка: Бразил и Аргентина можат да се сретнат само во финалето

Извлечени групите за Копа Америка: Бразил и Аргентина можат да се сретнат само во финалето

Покрај Европското првенство следната година од 20-ти јуни до 14-ти јули во САД ќе се игра и популарната Копа Америка.

Изминатата вечер беа извлечени и групите за Копа Америка, а според нив евентуална средба на Бразил и Аргентина може да се случи само во финалето.

Светскиот шампион Аргентина ќе игра во групата „А“ со Перу, Чиле и подобриот од дуелот помеѓу Канада и Тринидад и Тобаго.

Мексико, Еквадор, Венцуела и Јамајка се во групата, „Б“. Домаќинот САД во групата „Ц“ ќе игра со Уругвај, Панама и Боливија.

Бразил доби место во последната, групата „Д“ со Колумбија, Парагвај и подобриот од бараж натпреварот помеѓу Хондурас и Костарика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ѕвезда доби нов бисер: 17-годишниот Сибиновиќ дебитираше на „Маракана“ во убедлива победа

Црвена звезда ја совлада Младост Лучани со 5:1, а покрај убедливиот триумф, вечерта ја одб…