Дома Фудбал Репрезентации Избран идеалниот тим во Лига на Нации во наша конкуренција: И има само еден Македонец?! (ФОТО)

Избран идеалниот тим во Лига на Нации во наша конкуренција: И има само еден Македонец?! (ФОТО)

macedonia

Македонија после одличниот настап во Лигата на Нации заврши како првопласирана во својата група и така обезбеди место во плејофот од Лигата Д каде што ќе играме против Косово.

Сега беше избран и идеалниот тим од нашата лига и иако бевме одлични и запишавме пет победи во шест натпревар место во најдобрите 11 во нашата конкуренција имаше само за Александар Трајковски.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Идеалниот тим го состави популарниот сајт „WhoScored“, a како критериуми беа земени статистичките податоци на играчите во групната фаза, па така Трајковски доби оценка од 7.63.

Во идеалниот тим најмногу играчи доаѓаат од Грузија и Белорусија (по тројца), а еден претставник има и нашиот противник во полуфиналето Косово. Интересно е што Луксембург кој не се пласираше во плејофот има двајца претставници. Место во тимот доби и ѕвездата на Арсенал, Ерменецот Михтаријан.

Ќе потсетиме и дека Македонија во целата Лига Д беше втора најдобра селекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дерби на денот: Може ли Милан до пресврт во Рим!?

Денес на програмата се реванш четвртфиналните натпревари од Лига Европа, а дербито се игра…