Дома Македонски спорт Избрани се македонските „гејмери“ кои ќе не претставуваат на Светското првенство во Израел

Избрани се македонските „гејмери“ кои ќе не претставуваат на Светското првенство во Израел

Се комплетираше македонската Еспорт репрезентација која ќе настапи на Светското првенство во Израел во четири дисциплини: CS:GO, Dota2, PES21 и Tekken7.

Шестата сезона од Прва Македонска Еспорт Лига се одржа во јуни и јули 2021 година. Државното првенство во еспорт, препознатливо под насловот „Скопје ОПЕН“, беше поддржано и помогнато од Град Скопје. Македонската Еспорт Федерација, во соработка со Еспортс.мк, го организираше националното еспорт првенство и квалификации за учество на Светското Првенство во еспорт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таму ги добивме и претставниците. Во „Dota2“ првото место го освои тимот „BLADE Esports“, тие во финалето го победија тимот на „CRYSIS“ со 2:0. Tимот на „Good Game“ беше победник во „CS:GO“ победувајќи го во финалето „ЕNTUTY“ со 2:1.

Давид Гаревски кој е веќе повеќекратен победник победи на турнирот во „PES21“, додека Стефан Глигоров беше најдобар во „Takken7“.

МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕСПОРТ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

– DOTA2: Blade Esports

– CS:GO: GOOD GAME

– PES21: Давид Гаревски

– Tekken7: Стефан Глигоров

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…