Македонските фудбалски репрезентативци денес се собраа и ги стартуваат подготовките за натпреварите со Италија и Англија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот против Италија го играме на гостински терен во Рим на 17. ноември, додека три дена подоцна во Скопје ќе гостува Англија. За гостувањето на Англичаните билетите веќе се пуштени во продажба по цена од 400 и 600 денари (ТУКА).
Денес избраниците на Милевски ќе го одрабат и првиот заеднички тренинг пред овие две средби. Македонија во квалификациите веќе ги загуби шансите за место на Европското првенство во 2024, но секако дека самото тоа што играме против две големи европски селекции е мотив за фудбалерите.