Фудбалерот на Абердерн кој своевремно беше член и на еден од најголемите шкотски клубови, Селтик, Гери Мекај Стивен, имал обид за самоубиство.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, околу 2.30 часот по полноќ, пожарникарите го извлекле неговото тело од реката Келвин во западниот дел на Глазгов, малку недостасувало Мекај да биде удавен, а неговото тело било значително изладено.
Телото на Мекај било пронајдено во близина на мост, па логично е да се заклучи дека или извршил обид за самоубиство или ненадејно паднал.
Од клубот истакнаа дека нивниот фудбалер се наоѓа во болница и е во стабилна состојба. Повеќе детали за овој настан сеуште не беа откриени.