Дома Фудбал Италија Идол му е „Тигарот“, му го украде местото на Икарди, а сега сака и „деветката“ во Интер!

Идол му е „Тигарот“, му го украде местото на Икарди, а сега сака и „деветката“ во Интер!

Голгетерот на Расинг, Лаутаро Мартинез се најде на списокот на аргентинскиот селектор Сампаоли за престојните пријателски натпревари против Италија и Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мартинез така ќе има прилика да дебитира за сениорската репрезентација на Аргентина, а медиумите тврдат дека има повеќе шанси од Икарди за да патува на Мудијалот во Русија.

Овој 20-годишен голгетер се уште е анонимус во Европа, но од следната сезона ќе го носи дресот на славниот италијански клуб, Интер.

„Мојот идол е Радамел Фалкао. Неговото движење на теренот секогаш ме импресионира. Приметив дека медиумите не споредуваат со него и тоа многу ми се допаѓа“, изјави Мартинез.

Откако му го „украде“ местото во репрезентацијата, Мартинез е спремен да му ја земе и „деветката“ на Икарди.

„Мартинез од лето се сели во Интер и многу е среќен поради тоа. Доколку Икарди го напушти клубот тогаш ќе го земе дресот со број девет“, изјави неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Онана нема да се врати во Манчестер Јунајтед

Андре Онана ќе продолжи да игра во Трабзонспор, откако турскиот клуб договори со Манчестер…