Дома Фудбал Останато Идејата за Суперлига е жива, се работи на нов формат

Идејата за Суперлига е жива, се работи на нов формат

Идејата за формирање на Европска Суперлига е се уште жива и продолжува да се работи на неа, пренесува угледиот „Њујорк Тајмс“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што е познато, на 19 април 2021 година, 12 клубови го објавија создавањето на Супер лигата. Сепак, по протестот на навивачите и заканата со санкции од страна на УЕФА, проектот беше прекинат.

Компанијата „A22 Sport Menagment“ која стои зад проектот потврди дека се работи на нов формат, кој ќе биде отворен и ќе биде презентиран во наредните две-три години.

Водечките европски клубови се уште не се откажуваат од идејата и продолжуваат да лобираат, но форматот ќе биде различен од оној кој првично беше презентиран и не помина.

Новата Суперлига ќе биде отворена за сите клубови, а не затворена како што беше првичната замисла. Се очекува многу клубови да го поддржат овој проект бидејќи ќе носи огромна заработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Слот по 20. пораз: Ќе бидеме подобри следната сезона!

Фудбалерите на Ливерпул запишаа нов, 20-ти пораз сезонава, откако загубија од Астон Вила к…