Овие денови многу се пишува за нашиот историски успех и пласманот на Македонија на Европското првенсто следната година.
Во главно за нас сите пишуваат со пофални зборови, меѓутоа сега пристигнува и еден негативен коментар. Познатиот белгиски новинар Питер Вандебемпт е разочаран што УЕФА дозволила репрезентации како Македонија да играат на Европското првенство. За него Македонија нема квалитет да игра заедно со европскиот крем.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Истражив што требаше да направат Македонците за да играат на ЕП. Тие во Д лигата беа во група со Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн, а потоа откако беа први славеа против Косово и сега со Грузија со голот на Горан Пандев. Пандев зад себе има фантастична кариера, но овој човек има 37 години. И сега видете кој се пласира на ЕП, Северна Ирска и Македонија се примери. Можеби од една страна е симпатично, но од друга страна е деградичарки затоа што е големо прашање колку се спремни за едно вакво натпреварување. Ова ќе биде како „Волксфаген Буба“ да пуштите на трка во Формула 1…Зошто? Бубата сигурно ќе биде симпатична и ќе има навивачи, но е деградирачки. Ова со Лигата на нации е смешно“, зборуваше белгисиот новинар.