Дома Македонски спорт „Играјте за Горан Пандев не блескав начин да ја заокружи кариерата“

„Играјте за Горан Пандев не блескав начин да ја заокружи кариерата“

Денес е голем ден за македонскиот фудбал, националниот тим ќе се бори за пласман на ЕП, па поддршка пристигнува од сите страни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Помеѓу оние кои испратија поддршка до фудбалерите е и познатиот пејач Владимир Блажев – Панчо од ДНК.

„Од врвот на Скопје им испраќам позитива на нашите јунаци. Играјте без притисок. Играјте како што вие најдобро знаете, бидејќи што и да се случи вие сте нашите победници. Играјте за Горан Пандев, да ја заокружи блескавата кариера на најдобар можен начин. За Барди, Ристевски, Велкоски кои за жал се спречени да помогнат кога е најпотребно. На крајот, играјте за Македонија, за целата нација и овој напатен и несреќен народ на кој вие единствено можете да му донесете насмевки и радост. Среќно момци, цела Македонија е со вас“, напиша Панчо со фотографија покрај крстот на Водно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Се појави интересна теорија: Дали на Гана ѝ одговара пораз од Хрватска?

Во пресрет на последното коло од групната фаза на Светското првенство се појави интересна …