Дома Фудбал Останато Играше со Пандев, а сега со Барди – легендата на Словачка заминува во пензија!

Играше со Пандев, а сега со Барди – легендата на Словачка заминува во пензија!

Легендарниот словачки фудбалер Марек Хамшик соопшти дека на крајот на сезоната ја завршува професионалната кариера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Ова не беше лесна одлука…беше прекрасна авантура“, изјави поранешниот член на Наполи, а сега дел од Трабзонспор.

Хамшик во Наполи во еден период од кариерата беше соиграч со Горан Пандев, а сега во Трабзон игра заедно со Енис Барди. За репрезентацијата на Словачка одигра 136 натпревари и постигна 26 голови, најголемиот успех го оствари кога на СП во Јужна Африка во 2010 година стигна до осминафиналето.

Покрај Наполи и сега Трабзон, настапуваше уште за Слован Братислава и Бреша. Во Наполи остави најголема трага одигрувајќи 520 натпревари во кои освои две титули во Копа Италија.

За Трабзонспор потпиша во јуни 2021 година и ја освои шампионската титула. До крајот на турското првенство остануваат уште две кола, последното се игра на 6. и 7. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Jирген Клоп може да се врати на тренерската работа, еве и каде!

Иако поминаа две години откако Јирген Клоп го напушти Ливерпул, тој останува еден од најце…