Марек Хамшик од вчера е официјално нов фудбалер на кинески Далијан Ифан, а Наполи го напушти како една од најголемите легенди на клубот.
Хамшик замина во тишина. Целиот трансфер се реализираше со конфузија, па Словакот не доби прилика на Сан Паоло да се опрости од навивачите на Наполи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, тоа го направи со отворено писмо.
„Како прво, морам да им се извинам на навивачите. Сакав, се надевав и сонував за збогум пред вашите аплаузи.“ – напиша Хамшик и продолжи:
„Секогаш ми дававте поддршка и ме сакавте без разлика на се, во убави и лоши моменти. Секогаш ќе ви бидам благодарен за тоа. Наполи – го истотирав на своето тело, како и Купот на Италија кој го освоивме после 25 години. Невозможно е да се заборави таа прослава. Невозможно е да се заборави моментот кога го соборив рекордот на Брусколоти или моментот кога го соборив рекордот на Марадона. Јас сум горд. Овде во Наполи се родија моите три деца. Ве сакав вас и овој град ќе го сакам засекогаш.“