Дома Трансфер зона Играше во Италија, Англија и Шпанија, сега се сели во Франција?

Играше во Италија, Англија и Шпанија, сега се сели во Франција?

На Шпанците изгледа им е прескапо да ја платат откупната цена за Стеван Јоветиќ.

Сепак, Црногорецот нема потреба да се грижи за својата иднина бидејќи за него интерес покажа најтрофејниот француски клуб, Олимпик Марсеј.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црногорскиот напаѓач претходната сезона ја помина како позајмен фудбалер во Севиља од Интер. Шпанците во текот на зимскиот преоден рок се договорија за откупна цена од 14 милиони евра и во еден момент изгледаше дека со задоволство ќе ја платат таа сума, но сега работите се променија.

Можеби тоа е така и поради заминувањето на Жорге Сампаоли и директорот Мончи, па интересот опадна.  Да потсетиме Јоветиќ одлично ја започна својата кариера во Севиља, донесе победа над Реал Мадрид, но подоцна и тој се вклопи во сивилото кога екипата падна во резултатска криза.

Сега на Шпанците споменатите 14 милиони им изгледаат прескапо, па Јоветиќ е под договор со Интер, но ниту италијанскиот клуб нема намера да ја продолжи соработката, поради тоа најреална опција во овој момент изгледа француски Марсеј.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанските гиганти го сакаат дефанзивецот на Челзи

Рома и Наполи се силно заинтересирана за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, прене…