Атлетико Мадрид баш нема многу среќа со коронавирусот. Денес клубот од Мадрид го прекина тренингот поради позитивен случај на Ковид-19.
Фудбалерот Хозе Хименез вчера се пожалил дека чувствува послаби симптоми на вирусот и тој веднаш бил тестиран. Клубот денес го добил резултатот од неговиот тест и тој бил позитивен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хименез бидејќи ги чекаше резултатите денес не се ни појави на тренингот, а после добиениот резултат морал да оди во самоизолација. Останатите играчи на тимот информацијата ја добиле за време на тренингот кој бил прекинат после што целиот тим бил тестиран.
Сега се чекаат резултатите дали има уште некој позитивен.