Легендарниот играч за врска кажа крај.
После 23 години, 833 настапи и 67 голови во сениорскиот фудбал, Герет Бери (39) одлучи да стави крај на неговата кариера.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Првите 12 години од својата кариера Бери ги помина во Астон Вила пред да се пресели во Манчестер Сити во трансфер вреден околу 15 милиони евра. Со овој клуб ја освои титулата во ФА Купот и Премиер лигата.
Потоа четири години помина во Евертон за во 2017 година да потпише за ВБА каде и што ја заврши кариерата.
Запиша 653 настапи во Премиер лигата што е рекорд во елитниот англиски шампионат. Последниот натпревар во кариерата го одигра во март во во тековната година во поразот на ВБА од Њукасл (2:3) во ФА Купот.
За репрезентацијата на Англија запиша 53 настапи и постигна три гола.