Дома Фудбал Останато Играчот на Барселона се ишиша како Роналдо во 2002 (ВИДЕО)

Играчот на Барселона се ишиша како Роналдо во 2002 (ВИДЕО)

Пандемијата од коронавирусот направи хаос скоро во цела Европа, а голем дел од населението се во домашна изолација, па така и фудбалерите.

Сите спортски натпреварувања се прекинати пред еден месец и се уште не е познато кога сезоната би можела да се продолжи. Фудбалерите имаат упатства од клубовите како треба да работат додека се во нивните домови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во домашна изолација е и Мартин Брајтвајт кој неодамна потпиша за Барселона. Данецот успеа да одигра три натпревари за Барселона пред натпреварувањето да биде прекинато.

Брајтвајт призна дека изолацијата веќе му здосадила и едвај чека работите да се вратат во нормала. Колку му е досадно најдобро покажува објавата на неговиот Инстаграм профил.

Имено, играчот на Барселона одлучи да се ишиша како Бразилецот Роналдо на Мундијалот во 2002 година.

View this post on Instagram

A new talent discovered today ?

A post shared by Martin Braithwaite (@braithwaite_no1) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…