Играчот на Арсенал, Кулум Чемберс кој моментално е на позајмица во Фулам би можел да ја промени средината во јануари.
Чемберс во 2014 година пристигна во Арсенал од Саутемптон за 16 милиони фунти, но не ги исполни големите очекувања.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, овој 23-годишен дефанзивец е мета на Тотенхем и тренерот Покетино сака да го донесе во своите редови.
Чемберс се етаблираше под палката на Покетино во Саутемптон и сака повторно да соработува со аргентинскиот тренер со цел да ја „спаси“ кариерата.
Доколку се реализира трансферот тоа ќе биде историско предавство кое „топџиите“ никогаш нема да му го простат со оглед на фактот што Тотенхем е нивниот најголем ривал.