Дома Македонски спорт Игор Ангеловски и Горан Пандев на прием кај директорот на АМС

Игор Ангеловски и Горан Пандев на прием кај директорот на АМС

Историскиот пласман на европското првенство на нашата фудбалска репрезентација, како и долгогодишните успешни настапи на еден од најголемите фудбалски легенди беа повод Агенцијата за млади и спорт да организира прием на Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски.

На приемот беа искажани импресиите од историскиот настап на нашата репрезентација на Европското првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Европското е голем успех за секоја репрезентација, особена за нашата. И покрај големите остварувања во мојата долгогодишна фудбалска кариера, за мене настапот на европско првенство со мојата репрезентација е моментот кој го чекав сите овие години“, истакна Пандев

Ангеловски истакна дека имал огромна чест да биде прв селектор-предводник на репрезентација која настапува на едно големо натпреварување како што е европското првенство.

„Тимот докажа дека кога има слога, има и успех. Без разлика кој од каде доаѓа нашите репрезентативци докажаа дека сплотеноста на тимот е предуслов за тоа што го постигнавме. Покажавме дека сме мала земја со големо срце“, истакна Ангеловски

Директорот Мојсовски им се заблагодари и им додели благодарници за досегашните успеси и за сите позитивни емоции кои ги предизвикаа кај целокупната нација.

„Јас доаѓам од спортот и знам како треба да се вреднува спортскиот дух. Мојата цел како директор на Агенција за млади и спорт и на секој еден кој бил дел од спортот да го добие тоа што го заслужува, а за тоа потребна е добра организација, тимска работа и пред се’ чесна трудољубива работа и на самите спортисти, како и на клубовите и федерациите кои ги поддржуваат. Најдобар пример за тоа се капитенот Пандев и селекторот Ангеловски“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…