Дома Македонски спорт Мак фудбал Игор Ангеловски ги избра фудбалерите за Ерменија и Грузија

Игор Ангеловски ги избра фудбалерите за Ерменија и Грузија

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за претстојните два натпревари против Ерменија (5. септември) и Грузија (8. септември) од новото издание на Лига на Нации.

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дејан Илиев (Арсенал, Англија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар);


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ОДБРАНА: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Кристијан Тошевски (Тирана, Албанија);  

СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Ангелија), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција);

НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција); 

„За натпреварите против Ерменија и Грузија се повикани фудбалери на кои сметав подолг период и на претходните натпревари. Поради повреда нема да сметаме на Тихомир Костадинов, а Ферхан Хасани ќе недостасува заради „Covid” ограничувањата во Финска. Даниел Аврамовски има пријавено повреда, но е вклучен во составот и ќе допатува во Скопје каде што ќе му бидат извршени прегледи од страна на нашиот медицински тим, се надевам дека ќе биде во ред“.

„Овие фудбалери на македонската репрезентација веќе подолг период остваруваат одлични резултати, трето место во квалификациите за ЕП, прво место во групата од Лига на Нации, пласман во бараж за Европско првенство и очекувам согласно нивниот квалитет да продолжиме со позитивни игри и резултати, а се со цел да ги израдуваме нашите верни навивачи кои ќе ни недостасуваат на овие натпревари. Овие два натпрeвари од новото издание на Лига на Нации, покрај резултатскиот императив ни се добредојдени и за последна проверка во пресрет на натпреварот против Косово на 8. Октомври“, истакна селекторот Игор Ангеловски.

Собирот на А репрезентацијата е закажан за 31. август во 12:00 часот во хотел „Градн Плаза“ во Скопје. 

Извор: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …