Дома Македонски спорт Мак фудбал Иван Николов е ново засилување на Вардар

Иван Николов е ново засилување на Вардар

Вардар денес донесе големо засилување, а станува збор за Иван Николов, доскорешниот капитен на репрезентацијата на Македонија до 19 години.

Николов беше дел од сите младински селекции на Македонија и може да игра на сите позиции во средниот ред, па сигурно ќе биде големо засилување за „црвено-црните“.

Играчот за врска беше дел од Академија Пандев, во Вардар дојде како слободен играч, а потекнува од школата на ФК Брегалница.

Вардар ова лето донесе неколку нови фудбалери, а целта е јасна, враќање во Првата македонска лига.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …