Златан Ибрахимовиќ во зимскиот преоден рок беше поврзуван со враќање во Европа, но на крајот сепак се одлучи да остане во МЛС лигата и потпиша нов договор со ЛА Галакси.
Ибрахимовиќ има големи планови поврзани со новата сезона и сака да биде подобар и поефикасен од претходната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Велат дека сум стар, но сакам да ги срушам сите рекорди во МЛС лигата“, изјави 37-годишниот голгетер.
„После една сезона во МЛС подобро ја познавам лигата и се поврзано со неа. Возбуден сум и едвај го чекам почетокот на сезоната. Правта сезона помина во запознавање, сега се ми е познато и спремен сум да излезам на терен и да доминирам“, изјави Ибра.
Во првата сезона во дресот на Галакси, Ибрахимовиќ на 27 натпревари постигна неверојатни 22 гола и запиша 10 асистенции.
https://youtu.be/nxZKdCZdueo