Златан Ибрахимовиќ пристигна во ЛА Галски и веднаш покажа зошто е моментално прва ѕвезда во МЛС лигата.
Клубот од Лос Анџелес сака да го иксористи тој факт за додатна финаниска заработка, па ги зголеми цените на дресовите откако Швеѓанецот пристигна на стадионот „СтабХаб“. Во моментов, копија дрес со кратки ракави чини скоро 94 евра. Ако навивачите сакаат да поседуваат оригинален од Ибрахимовиќ со број 9, тие ќе мора да платат 122 евра за таков со кратки ракави или 146, за дрес со долги.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Цените што ги постави Галакси се во просек по 5 евра поскапи од претходните. Според експертите за маркетинг, тимот на Лос Анџелес може да заработи милиони, откако интересот кон Ибрахимовиќ е огромен. Во САД, шведскиот напаѓач е попопуларен од Дејвид Бекам, кој претходно играше за тимот.
Со зголемени цени, Лос Анџелес Галакси ги продава своите дресови поскапо од тимовите во Англија во Премиер Лигата. Само Арсенал има повисоки цени – 144 евра за автентичен дрес, вклучувајќи ги и шевови на ракавите.