Дома Фудбал Останато Ибра го бојкотираше мечот на Галакси: Срамота е да се игра овде!

Ибра го бојкотираше мечот на Галакси: Срамота е да се игра овде!

ЛА Галакси минатиот викенд беше понижен на гостувањето кај Сиетл со 5:0, а тимот од Лос Анџелес на овој меч играше без Златан Ибрахимовиќ.

Ибра одби да истрча на теренот на „Центар Линк Филд“ во Сиетл и да му помогне на својот тим, а сега е познато зошто донел таква одлука.

Имено, Ибрахимовиќ не сакал да игра на вештачка трева на теренот во Сиетл.

„Не може да се игра овде. Единствено што треба да правиш е да внимаваш да не се повредиш, тука не смее да се игра фудбал. Срамота е да се игра овде. Не е предвидено да се игра фудбал на ваква подлога“, изјави Ибра.

Инаку Ибра ги прескокна сите натпревари во МЛС кои се играат на вештачка трева, одигра само 10 минути во Портланд и истакна дека тоа му е најлошо искуство во животот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Maгија во првото коло од Премиер лигата: Ваков гол ретко се гледа (Видео)

Во првото коло од англиската Премиер лига, во текот на натпреварот меѓу Ипсвич и Сандерлен…