Дома Фудбал Италија „Ибра во Милано? Тоа за сега е само идеја“

„Ибра во Милано? Тоа за сега е само идеја“

Искусниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ моментално е без клуб.

Популарниот Ибракадабра се поврзува со голем број клубови по напуштањето на ЛА Галакси, од кои едниот е Милан.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Швеѓанецот имал неколку одлични моменти во овој клуб, како на индивидуално така и на тимско ниво, при што директорот на тимот на „Сан Сиро“, Фредерик Масара изјави дека негово донесување за сега е само идеја.

“Ибрахимовиќ е одличен шампион кој напиша важни страници од историјата на Милан. Кога неговото име ќе се поврзе со Милан, станува преголем предлог, но за сега тоа е само идеја. Откако ќе се отвори трансфер периодот, тогаш ќе видиме со тренерот по кои играчи да тргнеме“ – изјави Масара.

Инаку, најголемиот проблем на Милан оваа сезона е неефикасноста. На 13 одиграни натпревари во Серија А, Росонерите имаат постигнато само 11 погодоци.

Ибрахимовиќ за овој клуб играше од 2010 до 2012 година и за тоа време постигна 42 голови во Серија А. Покрај Милан, играше и за Јувентус, Ајакс, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед …

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…