Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ ја разочара Европа: Дојдов во МЛС за тука да ја завршам кариерата

Ибрахимовиќ ја разочара Европа: Дојдов во МЛС за тука да ја завршам кариерата

Искусниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ стави точка на гласините кога во прашање е неговата кариера.

Во изминатиот период многу се пишуваше за можноста Ибрахимовиќ да се врати во Европа, најмногу се поврзуваше со Милан. Сепак неодамна неговиот тим Ла Галакси потврди дека Ибра ќе остане нивни играч и во 2019 година.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сега во медиумите се огласи и самиот Ибрахимовиќ кој на жалост на сите љубителите на фудбалот во Европа, потврди дека не само што нема да се врати во овој преоден рок, туку и дека МЛС ќе биде неговата последна станица во кариерата.

„Се и сешто се пишуваше во овие денови, но јас не го напуштив клубот. Има уште работи кои треба да ги направам тука. Мојата прва сезона беше загревање, втората ќе биде поинаква. Сега лигата и противниците ги познавам подобро, покрај тоа физички се чуствувам подобро. Тука дојдов да ја завршам кариерата“, порача Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ во 2018 година во дресот на Лос Анџелес Галакси постигна 22 гола и запиша 10 асистенции на 27 натпревари.

https://www.youtube.com/watch?v=n-zhHSmx-1U

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …