Сите очекуваат многу брзо да биде потврден трансферот на Ибрахимович, тоа е така посебно откако Ибра такво нешто најави со неговата фотографија на Инстаграм – тука.
Италијанските медиуми најавуваат дека Ибрахимовиќ во Милано ќе пристигне на 1. или 2. јануари. Сега се појавија и информација за тоа кој број би можел да го носи Швеѓанецот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вообичаените бројки на Ибрахимовиќ се 9, 10 или 11. Тие на својот грб во таборот на „росонерите“ се во сопственост на Пјонтек, Чалханоглу и Борини. Јавноста секако очекува некој од нив да го остапи бројот на Ибра, меѓутоа сега е објавено нешто изненадувачки.
Ибрахимовиќ наводно одлучил во Милано да игра со бројот 1. Тој број во Милан е слободен бидејќи не го носи ниту еден голман, а на тој начин Ибра сакал да покаже дека се уште е број 1.
Делува изненадувачки, но познавајќи го Ибра не можеме да кажеме дека невозоможно. Ќе потсетиме, во времето кога настапуваше за Милан тој го носеше дресот со број 11.
Ribadisco il sogno proibito: #Ibrahimovic maglia n° 1#Milan @Ibra_official https://t.co/RBMOYzbbRN
— Emanuele Paladino (@EmaPaladino) December 27, 2019