Златан Ибрахимовиќ и дефинитивно нема да настапи на Мундијалот во Русија, во текот на вчерашниот ден стигна потврда од Фудбалскиот Сојуз на Шведска.
Иако Ибрахимовиќ најавуваше дека е спремен да се врати од репрезентативна пензија за да и помогне на Шведска, од таборот на оваа репрезентација порачаа дека Златан нема да биде дел тимот кој ќе патува во Русија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес во медиумите се огласи и самиот Ибрахимовиќ.
„Не сум дел од репрезентацијата, а така е од кога престанав да играм за Шведска, но нема проблем, сеедно одам на Светското првенство“, изјави Ибрахимовиќ за „ЕСПН“, a потоа во саркастичен тон додаде:
„Зборував цело време дека ќе се најдам во авионот за Русија. Ќе седнам во авион и ќе отидам во Русија. Мислам дека Шведска е фаворит за освојување на Светското првенство бидејќи е подобра без Златан“, зборуваш Ибра.