Златан Ибрахимовиќ иако има 39 години не разлислува за пензија и сака да се врати во Европа.
Неговиот договор со ЛА Галакси истекува во декември, а Ибрахимовиќ е спремен да се врати во Европа, поточно во Италија за која вели дека е негов втор дом.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се уште не сум размислувал за мојата иднина. Имам 38 години и се уште имам ентузијазам како дете, со истата желба да победувам. Италија е мој втор дом. Ќе ги слушнам сите понуди, но сакам да се борам за максимални цели. Доколку се вратам таму, би сакал да се борам за скудетото, не само да потпишам некаде затоа што сум Ибрахимовиќ“, изјави Златан.
„Ми се допаѓа идејата да играм за Наполи. Таму би бил втор Марадона и „Сан Паоло“ секоја недела ќе биде полн поради мене. Притоа, таму има голем тренер како Анчелоти со кого сакам да соработувам“, додаде Ибра.
Ибрахимовиќ притоа истакна дека е голем пријател со Михајловиќ и дека поради него е спремен да игра и за Болоња.
„Миха ми се јави, ми рече дека сите ќе трчаат за мене и дека од мене се очекува само да давам голови. Ако дојдам во Болоња тоа е само поради фактот што Синиша е мој голем пријател. Сигирен сум дека и денес во Италија без проблем ќе давам по 20 голови“, заклучи Ибрахимовиќ.