Легендата на светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ на 8. јуни ќе го одигра последниот натпревар во кариерата.
Ибрахимовиќ во Стокхолм ќе го облече дресот на Шведска во пријателскиот натпревар против Србија. Настапот на Ибрахимовиќ го потврдија од Фудбалскиот сојуз на Србија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Посебно задволство ни претставува фактот што со натпреварот против Шведска во Стокхолм од фудбалот ќе се прости Златан Ибрахимовиќ“, објави фудбалскиот сојуз на Србија.
Минатата година Златан како играч на Милан ја заврши кариерата, а засега не е познато дали во натпреварот против Србија Ибрахимовиќ ќе игра или пак ќе го изведе само почетниот удар.
Дресот на репрезентацијата на Шведска Ибрахимовиќ го носеше на 122 натпревари и во нив постигна 62 гола.