Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: Нема подобар клуб од Ајакс за млад фудбалер

Ибрахимовиќ: Нема подобар клуб од Ајакс за млад фудбалер

Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Вотебал Интернационал“ по повод натпреварот помеѓу Ајакс и Јувентус го пофали холандскиот клуб.

Легендарниот Швеѓанец играше во Ајакс од 2001 до 2004 година, а потоа направи трансфер во Јувентус, подоцна во Интер, Барселона…Денес игра во американската МЛС лига во дресот на Лос Анџелес Галакси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ибрахимовиќ јасно им препорачува на младите фудбалери кариерата да ја започнат во редовите на Ајакс, за него не постои подобар клуб за еден млад фудбалер.

„Нема подобар клуб од Ајакс за младите и амбициозни фудбалери. Начинот на тренирање, филозофијата и сите луѓе во клубот создаваат одлична и здрава атмосфера. Секој млад талент би го советувал ако има можност да оди во Ајакс. Овој клуб има произведено неверојатен број на големи фудбалери, а тоа е доволен доказ за тоа како се работи таму“.

„Ако имаш вистински менталитет, лесно е да направиш големи чекори во Ајакс. Сконцентриран си само на фудбалот и работиш со луѓе кои се посветени само на фудбалот. Тоа се идеални предуслови за подоцна да станеш еден од најдобрите во светот. Јас можам да потврдам дека сум пресреќен што ја имав таа среќа Ајакс да биде клубот каде што ги направив првите фудбалски чекори во кариерата. Доколку не беше Ајакс, можеби денес немаше да бидам тоа што сум“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…