Според пишувањето на италијанскиот „Footmercato“, Милан нема да го продолжи договорот со Златан Ибрахимовиќ.
Договорот на 40-годишниот напаѓач му истекува во јуни, а на „Сан Сиро“ веќе работат на планови без својата ѕвезда. Оваа сезона Ибрахимовиќ одигра само четири натпревари поради операцијата на коленото и надвор од терените беше седум месеци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се уште не е познато дали Ибрахимовиќ се пензионира или ќе продолжи, но некои извори тврдат дека е во преговори со Монца, клуб од средината на табелата кој е во сопственост на Силвио Берлускони, долгогодишниот претседател на Милан.
Ибрахимовиќ во овој момент повторно паузира откако заработи нова повреда.