Фудбалерите на Милан славеа против екипата на Рен со 3:0, во првиот натпревар од плејофот на Лига Европа, а српскиот фудбалер Лука Јовиќ целиот натпревар го мина на клупата за резерви.
Сепак, ништо не го спречи Јовиќ да биде расположен, иако доби „шамар“, и тоа од Златан Ибрахимовиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Швеѓанецот со насмевка му удри шлаканица на Србинот во знак на поздрав, а иако Јовиќ се обиде да го избегне сето тоа, тој само се насмевна и продолжи по патот кон теренот.
Ibraaaaa 😭 pic.twitter.com/M4fZK1NY69
— Luka Jović (@TeamJovic) February 16, 2024
Познато е дека Ибра е голем фан на Јовиќ и дека веќе некое време се обидува да ја убеди управата на Милан да го купи од Фиорентина, бидејќи Србинот моментално е на позајмица во клубот.