Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ зборуваше за влијанието на парите во модерниот фудбал, поточно споредувајќи ги Премиер лигата и Серија А.
„Парите носат големи можности. Парите носат алтернативи кои можеби други работи не можат да ги донесат, а интересот за Премиер лигата е многу поголем отколку за Серија А, затоа и економијата е многу поголема“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Но, тоа ја прави ситуацијата многу повозбудлива бидејќи тогаш италијанските клубови се соочени со предизвикот да ги совладаат побогатите клубови. Сепак, сите ние сме професионалци и топката е тркалезна, па сигурно дека не се плашиме“, изјави Ибрахимовиќ.
Шведскиот напаѓач е надвор од терените поради повреда на коленото, моментално е во процес на рехабилитација и неговото враќање се очекува следната година.