Златан Ибрахимовиќ одлучи да остнае во САД, а како што стојат работите ќе постави и рекорд.
Ибрахимовиќ во САД пристигна пред една година кога потпиша договор со Галакси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ибра не успеа да му помогне на Галакси да стигне до плеј-офот, но одигра одлична сезона во која постигна 22 погодоци и запиша 10 асистенции.
Бидејќи Галакси не се пласираше во пле-офот се појавија информации за можно враќање во Европа каде што Милан беше најзаинтересиран.
Сепак, одличниот напаѓач на крајот донесе одлука да остане уште една година во САД и потпиша нов договор со Галакси.
Сега медиумите во САД ги откриваат и условите од овој договор според кој Ибрахимовиќ би можел да инкасира 7.5 милиони долари.
Минатата сезона Ибрахимовиќ заработуваше 1.5 милион долар и сега доби огромно покачување, а неговиот договор така стана најголем во историјата на МЛС лигата.
Најплатен пред Ибрахимовиќ беше Рикардо Кака кој во дресот на Орландо заработуваше 6.66 милиони американски долари.
https://www.youtube.com/watch?v=nxZKdCZdueo