Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ го брани Мурињо: Јас и Жозе сме поинакви личности

Ибрахимовиќ го брани Мурињо: Јас и Жозе сме поинакви личности

ibrahimovic

Жозе Мурињо пред натпреварот со Њукасл беше под жесток притисок на медиумите поради лошите настапи, сега ситуацијата е нешто помирна, но нема соменвање дека работите ќе се повторат доколку Јунајтед по репрезентативната пауза повторно бележи слаби резултати.

Златан Ибрахимовиќ кој и претходно знаеше да го пофали Португалецот сега повторно застана во негова одбрана.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Жозе работи добро. Во овој момент резултатите не се во корист на Манчестер Јунајтед, но ситуацијата ќе се поправи бидејќи и негативните резултати се дел од фудбалот. Како што Жозе кажа, има освоено повеќе титули во Премиер лигата од сите менаџари заедно“, истакна Ибрахимовиќ во интервју за „Скај Спорт“.

Без скромност ја откри суштината поради која Мурињо е често во центарот на вниманието на медиумите во негативен контекс. Самиот себе се спореди со Португалецот со кого соработуваше пред да замине во ЛА Галакси, но и претходно во Интер.

„Секако дека ние двајца сме виновни за се. Кога не ни оди добри, често пати сме критикувани повеќе од останатите. Останатите не сакаат да се замеруваат, поради тоа и не ги напаѓааат. Меѓутоа, Жозе и јас сме поинакви личности. Ние сме тоа што сме и веруваме во она што го правиме“, изјави Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аталанта го прегази Леверкузен за европска титула🎥

Тимот на Аталанта ја освои титулата во Лига Европа откако во финалето го надигра Баер Леве…