Златан Ибрахимовиќ не престанува да ја освојува американската јавност.
Од теренот, каде што на дебито постигна два гола за победа на Галакси во првото дерби на Лос Анџелес во историјата, преку духовитоста и искреноста која ја покажува гостувајќи во најгледаните телевизиски емисии.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Златан сега беше гостин во „ЕСПН“ каде што даде објаснување зошто ја одбил Кина каде што за три години имаше прилика да заработи 100 милиони долари. Да потсетиме, во Галакси Ибрахимовиќ ќе добие три милиони долари за две години.
„Златан, не сакам да ти се мешам, но зошто место во Кина дојде во Америка и остави 97 милиони долари?“, го запраша водителот.
„Ова е голем предизвик за мене, сакав само да дојдам во Америка и да играм за Галакси. Не е се во парите. Искрено, не знаев каков договор ќе имам тука. После опоравувањето од повредата сакам само да бидам среќен, да ја шутирам топката и да го правам она што го работам веќе 20 години“, одговори Ибрахимовиќ.
„Што сакаш да постигнеш?“
„Дојдов да победувам. Сакам да освојувам трофеи и да го запишам своето име во историјата на овој клуб. Играв за најдобрите светски клубови и со најдобрите играчи, секаде каде што одев победував и освојував трофеи. Не гледам зошто Галакси би бил исклучок“, изјави Швеѓанецот.