Големата зделка беше на повидок. Според некои информации Челзи дури и се договори со Севиља и со Жил Кунде, меѓтуоа Курт Зума кој требаше дабиде вклучен во овој трансфер кажал „не“.
Севиља се обидува да го продаде Кунде за 70 милиони евра, Челзи не е спремен да плати толку, па сакаа опција во која би платила 45-50 милиони евра и во Андалузија би го испратиле Курт Зума.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа сега се пренесува дека Зума направил проблем и одбил да премине во Севиља. Според информациите тој сака да остане во Премиер лигата и да се пресел иво Вест Хем. Ако го продава Челзи го проценува на околу 20 милиони евра. Но, од идеја до реализација не оди така брзо, па прашање е колку Севиља би чекала за Челзи да ја договори конечната цена со Вест Хем.
Интересно е што ова е веќе втор трансфер на Кунде кој би можел да пропадне во претходните недели тој беше блиску до договор со Тотенхем меѓутоа на крајот ништо не испадна.