Курт Зума се најде во центарот на вниманието на британската јавност поради неговата глупост во која е снимен како ја шутира својата мачка.
Откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како играчот ги шутира своите две мачки се крена голема фама, па фудбалерот доби драстична казна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зума е под истрага што ја покрена Здржението за заштита на животни, а веќе трпи и сериозни финансиски последици.
Вест Хем го казни со 250 илјади фунти, или половина месечна плата, а сега му откажа и главниот спонзор „Адидас“.
На Зума му се одземени двете мачки кои биле негови миленичиња, а здружението за животни потврди дека ја презема грижата за мачките.