Дома Фудбал Италија Зошто Трајковски не настапи за Палермо? – Еве што одговори тренерот на овој клуб!

Зошто Трајковски не настапи за Палермо? – Еве што одговори тренерот на овој клуб!

Екипата на Палермо за која настапуваат Александар Трајковски и Илија Несторовски  ова коло ремизираше 0:0 во натпреварот против Фросиноне, Трајковски овој натпревар го преседе на клупата за резерви.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трајковски претходно добиваше големи критики за настапите во Палермо, но поради одличните настапи во дресот на репрезентацијата се очекуваше тренерот на Палермо, Бруно Тедино да му даде шанса.

Да потсетиме, Трајковски прво погоди против Италија, а потоа и против Лихтенштајн.

„Трајковски одигра цел натпревар за Македонија и тоа е причината поради која го оставив на клупата за резерви, но исто така и Емболо после настапот против Парма заслужи да се најде во тимот“, изјави Тедино.

Палермо во овој момент е лидер на табелата во втората италијанска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Срушен е рекорд: Челси го претстави најскапото засилување во историјата на Премиер лигата!

Англискиот репрезентативец Морган Роџерс официјално стана нов играч на Челзи. Овој 23-годи…