Maнчестер Сити постигна договор и наредната сезона Пеп Гвардиола на располагање ќе го има Норвежанецот Ерлинг Халанд. Сепак, Халанд официјално се уште не е претставен.
Што се чека?
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Халанд на крајот од сезоната се прости со своите соиграчи, а Сити само објави дека има договор со Борусија. Според медиуми „граѓаните“ поради две причини се уште не го претставиле Халанд.
Парите на сметката на Борусија ќе бидат уплатени на 1. јули. Како што споменавме во овој момент има само договор за трансферот да се реализира подоцна. Втората причина е што Норвежанецот не го избрал бројот.
Тој според информациите ја чека одлуката за иднината на Габриел Жесус, Бразилецот ја носи „деветката“ која е и желба на Халанд. Ќе потсетиме, Халанд во овој момент е со репрезентацијата на Норвешка каде што има обврски во Лигата на Нации.