Дома Фудбал Зошто Сетиен го форсира Умтити во големите натпревари кога не му оди?

Зошто Сетиен го форсира Умтити во големите натпревари кога не му оди?

Барселона за викендот на гости доживеа пораз од Реал Мадрид (2:0), а после овој натпревар критики доби тренерот Сетиен.

Сетиен на клупата на Барселона дојде пред нешто повеќе од еден месец откако беше отпуштен Валверде. Иако најави промени и враќање на напаѓачкиот фудбал тоа баш и не му оди како што планираше.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона во претходните неколку недели изгуби дерби натпревари во Ла Лига против Валенсија и Реал Мадрид, додека во Лигата на шампионите ремизираше против Наполи.

„Мундо Депортиво“ направи интересна анализа на „големите“ натпревари кои Барселона ги одигра после Сетиен и дојде до интересен податок.

Имено, тренерот на Барселона во овие натпревари го форсира Самуел Умити, додека вообичаено на тие позиции игра Клемент Ленглет. Но, не е познато зошто Умтити добива предност во таквите натпревари иако не се покажа како најдобро решение.

Барселона во пет натпревари во кои Умтити беше стартер од доаѓањето на Сетиен прими дури осум голови, а во три во кои од првата минута играше Ленглет тие примија само два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …