Сите кои се прашуваа зошто младиот Жоао Феликс вреди 100 милиони евра и зошто европските гиганти сакаат да го доведат, вчера го добија одговорот.
19 годишниот Португалец постигна хет-трик во победата на Бенфика над Ајнтрахт Франкфурт во првиот натпревар oд четвртфиналето во Лигата на Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покажа Феликс дека не се пишува толку многу за него за „џабе“, а потоа го совладаа емоциите и заплака.
https://youtu.be/DMhV1trmvfo
Изгледа дека на младиот офанзивец на Бенфика засега се му оди како што треба и јасно е дека за неколку години би можел да стане еден од најдобрите светски фудбалери.
Меѓутоа, не одело секогаш се така лесно за младиот Феликс.
Жоао Феликс е роден во Висе, седум години беше член на славната фудбалска академија на Порто, но никогаш не добил вистинска шанса.
Кога имал само 14 години Порто го избркал поради неговата слаба градба. Причина која многу често се слуша за одбивањето на фудбалерите во младинските погони.
#JoaoFelix #Porto #Benfica pic.twitter.com/RPH72djsM3
— Best Football Stories (@BestFootballSt1) April 12, 2019
Сигурно дека тогаш не му било лесно на Феликс, а загубата на Порто се покажа како голема добивка најголемиот ривал на овој клуб, Бенфика. Гигантот од Лисабон во 2015 година го „собра“ Фелик, а денес овој 19 годишник е еден од нивните најважни играчи.
Феликс во 2017 година од младинскиот тим беше прфрлен во Б тимот на Бенфика, за минатото лето да добие статус на првотимец. Денес ова момче со „ситна градба“ е високо 180 сантиметри, оваа сезона постигна 15 голови и запиша седум асистенции во дресот на Бенфика.