Трансферот на Алексис Санчез од Арсенал во јануари 2018. година е еден од најлошите потези кое ги направи раководството на Манчестер Јунајтед.
Чилеанецот за година ипол на Олд Трафорд не направи апсолутно ништо, а поради него Црвените ѓаволи лесно можат да останат без Де Геа и Пол Погба.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Добро е познато дека Алексис е најплатениот играч на Јунајтед. Чилеанецот заработува пола милион фунти неделно, а истата плата од клубот ја бараат и Де Геа и Погба.
Сите преговори со шпанскиот голман пропаднаа. Клубот не е спремен да му ја исполни таа желба и лесно може да се случи на лето Де Геа да биде продаден или следната година да замине од клубот како слободен играч.
Скоро иста е ситуацијата и со Погба. Французинот нема намера да му го гледа грбот по заработка на Алексис и со понудите кои ги има од Реал и Јувентус сериозно размислува за заминување.
Па така, на крајот, Алексис би можел многу поскапо да го чини Јунајтед од моменталните пола милион неделно.
Евентуалното заминување на Де Геа и Погба со сигурност ќе има големо влијание за ростерот на Јунајтед и без вистински замени ќе имаат доста проблеми во наредните сезони.
Ќе биде интересно да се види што ќе се случува на Олд Трафорд ова лето. Заминувања сигурно ќе има, а дали меѓу патниците ќе бидат Погба и Де Геа останува да видиме за неколку месеци.