Милан вчера стигна до победа против Венеција и така се изедначи со Интер на врвот на табелата.
Меѓутоа телевизиските камери открија еден гледач на трибините кои привлече посебно внимание – Иван Перишиќ! Фудбалерот на градскиот ривал Интер го следеше натпреварот на Милан со Венеција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Навистина ова е малку чуден потег со оглед на тоа што не се работи за некој дерби натпревар каде што сме имале прилика да гледаме вакви ситуации. Италијанските медиуми пишуваат дека ова е еден вид порака до управата на Интер од Перишиќ која не може да постигне договор со Хрватот за продолжување на соработката.
Треба да се спомене и дека во текот на летото Перишиќ низ медиумите се поврзуваше со трансфер во редовите на градскиот ривал. Ќе потсетиме во Милан веќе игра неговиот сонародник, Анте Ребиќ.